Тоа беше далечната 1981 година кога имав само 16 години. Еден ден татко ми, враќајќи се од работа, ме однесе кај негов пријател кој вежбаше во својот двор, под едно дрво. Тоа беше првата „вежбална“ што ја видов – едноставна, со клупа, еден дворачен тег и неколку еднорачни тегови. Моето прво искуство со теговите беше фасцинантно – начинот на дишење, изведбата на вежбите и чувството на напредок ме мотивираа да продолжам. Почнав редовно да тренирам, но бидејќи вежбавме на отворено, секој дожд значеше пауза. Со голема желба за напредок, си направив мала домашна вежбална од околу 9m², со импровизирана опрема. Во 1982 започнав посериозно да тренирам, но без доволно знаење – вежбав многу и јадев сè што ќе најдам.
Иако станував посилен, мојот изглед не беше како оние во списанијата. Во 1984 година заминав во војска во Хрватска, каде за прв пат стекнав повеќе знаење за тренинг и исхрана. По враќањето продолжив со уште поголема мотивација, но се соочив со голем проблем – финансии. Квалитетната протеинска храна беше скапа, но и покрај тоа не се откажав. Во 1995 година го основав клубот „БИЛДЕР“, а во 1996 започнав со работа. Нема поубаво чувство од тоа да ги гледаш младите како се трансформираат во силни и здрави личности.
Моите натпреварувачки успеси започнаа во 1998 година со 3-то место на државното првенство во Струга. Во 2002 станав апсолутен шампион на Македонија. Од 2005 година започнаа и моите меѓународни успеси – повеќекратен балкански шампион, освојувач на европски и светски пласмани во категорија ветерани. Оваа приказна е доказ дека со упорност, дисциплина и љубов кон спортот, може да се постигне успех без разлика на условите.
Old-school бодибилдинг пристап базиран на дисциплина, техника и реални резултати.
Јовче креира индивидуални програми со прецизна техника, контролирана изведба, интензивни тренинзи и прогресивно оптоварување за долгорочни резултати. Ова не е место за изговори. Ова е место за работа.
Фокус на максимален мускулен раст, густина и класична, добро избалансирана мускулатура со реална и применлива сила за бодибилдинг.
Подобра контрола, стабилност и сигурност во изведбата, заедно со развивање дисциплина, ментална цврстина и работна етика.
Персонализирана исхрана и суплементација за топење масти и градење мускул, без „брзи решенија“ – само дисциплина и конзистентност.
Периодизирани тренинг циклуси, peak week стратегија, позирање и сценска презентација – комплетна подготовка од off-season до сцена.
Реални резултати преку дисциплина, структура и напорна работа – не преку маркетинг трикови и краткорочни решенија.
Без изговори. Само резултати.
Гаврил Константиновиќ 26Б
1000 Скопје
Copyright © Билдер | Сите права се заштитени